Mustafa Melih Ahıshalı
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 111 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 4.585, додека бројот на дијагностицирани се зголеми на 73.303, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, Кијануш Џиханпур, портпаролот на Министерството за здравство, потврди дека во последните 24 часа низ целата земја од Ковид-19 починале 111 лица.
Истакнувајќи дека вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 4.585, портпаролот Џиханпур рече дека бројот на заразени во текот на 24 часа е зголемен за 1.617, со што вкупната бројка е зголемена на 73.303.
Портпаролот Џиханпур, истакнувајќи дека 3.877 пациенти заразени со коронавирусот се во тешка состојба, рече дека вкупно 45.983 лица, по нивното излекување се отпуштени од болница.
Ковид-19 во Иран за првпат е откриен во градот Ком на 19 февруари.