Şenhan Bolelli
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
МАДРИД (АА) - Во Шпанија, во последните 24 часа починаа 517 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати се зголеми на 17.489 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги објави ажурираните податоци во врска со Ковид-19.
Според тоа, откриени се уште 3.477 случаи со овој вирус, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 169.496.
Како последица на Ковид-19, во последните 24 часа во Шпанија починаа уште 517 лица.
Уште 2.336 лица се излекувани од Ковид-19 и отпуштени од болница, додека вкупната бројка на излекувани лица изнесува 64.727.