Mustafa Melih Ahıshalı
05 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Иран се откажани сите спортски активности поради новиот вид коронавирус Ковид-19, којшто предизвика смртни случаи во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На веб-страницата „Спортска медицина на Иран“ се истакнува дека Центарот за превенција и борба против коронавирусот донел одлука да бидат откажани спортските активности низ целата земја до петок, 20 март.
Според тоа, откажани се сите спортски натпревари и тренинзи, а спортските центри се затворени.
Кијануш Џиханпур, одговорен за односи со јавноста на иранското Министерство за здравство, вчера изјави дека 92 лица починале од Ковид-19, а дека бројот на заболени во земјата изнесува 2.922.