Esat Fırat
05 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ЗАПАДЕН БРЕГ (АА) - Палестинското Министерство за здравство прогласи вонредна состојба во окупираниот Западен Брег, поради сомнение за појава на коронавирусот кај вработените во еден хотел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството се наведува дека е прогласена вонредна состојба поради сомнение за Ковид-19 на целиот Западен Брег. Во градовите Витлеем и Ерихон сите образовни институции, џамии и цркви ќе бидат затворени 14 дена.
Во соопштението се истакнува дека вонредна состојба е прогласена поради сомнение дека вработените во еден хотел во Витлеем имаат коронавирус Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека вработените во хотелот се ставени во карантин и дека се очекуваат резултатите од тестот.
Исто така се повикува јавноста на смиреност и да ги чека упатствата на Министерството.
Се нагласува дека хотелот во Витлеем е претворен во центар за карантин, влезот на туристичките групи е запрен, а резервациите во хотелот се затворени.