Seyit Aydoğan
19 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ТОРОНТО (АА) - Во Канада, бројот на смртни случаи од новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми за 161 во последните 48 часа, со што вкупната бројка на починати достигна 5.943, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на канадското федерално Министерство за здравство, во последните 48 часа во земјата починале 161 лице.
Вкупниот број на починати достигна 5.943.
Бројот на случаи со коронавирус се зголеми за 2.208 во текот на последните 48 часа, со што вкупната бројка порасна на 78.078.
Канадската Агенција за јавно здравје повика на често миење на рацете, употреба на ракавици и маски и усогласување со правилото за социјална дистанца.
Канадскиот министер за државјанство и имиграција, Марко Мендичино, истакна дека новите имигранти што доаѓаат во земјата се важни за периодот по Ковид-19.
Наведувајќи дека во 2020 година во земјата ќе бидат прифатени 341.000 имигранти, во 2021 година 351.000 и во 2022 година 361.000 имигранти, министерот Мендичино рече дека новите имигранти ќе бидат насочени во градовите каде што има недостиг на работна сила.
„Без имигрантите не можевме да ставиме храна по прифатлива цена во чиниите на канадските граѓани. Затоа од витално значење е редовно и безбедно да продолжиме да примаме имигранти во нашата земја“, истакна министерот Мендичино.