Mehmet Nuri Uçar,Serdar Bıtmez
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ДОХА (АА) - Во Катар е прекината наставата во целата земја поради новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена од страна на Катарската официјална информативна агенција (QNA), владината Канцеларија за комуникации соопшти дека од утре се прекинува наставата во државните и приватните образовни институции.
Владата соопшти дека прекинот на наставата ќе трае до следното соопштение, додавајќи дека сето тоа се прави за безбедноста на учениците и како превентивна мерка во рамките на заштитата од коронавирусот.
- Бројот на детектирани случаи во Катар е зголемен на 18 -
Од друга страна, Министерството за здравство на Катар информираше дека во земјата се регистрирани нови 3 случаи на лица заразени со вирусот Ковид-19.
Заедно со новите регистрирани случаи, бројот на заболени во оваа земја се искачи на 18.
Катар поради епидемијата од новиот тип коронавирус Ковид-19, на 27 февруари ги евакуираше своите државјани од Италија и Иран.