Emel Gözellik
10 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
Во Кина во последните 24 часа од последиците на заразување со новиот тип коронавирус почина едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека се потврдени 42 нови случаја на заразување, од кои 38 се лица што дошле од странство, јавува „Чанел њуз Азија“ („Channel News Asia“).
Во соопштението се наведува дека вчера во Хубеи починало едно лице.
Со тоа бројот на заразени од Ковид-19 во Кина е зголемен на 81.907, додека бројот на починати на 3.336. Излекувани се 77.455 лица.
Карантинот во Вухан, градот во кој изби епидемијата, а кој траеше 76 дена, беше укинат на 7 април.
Во Кина епидемијата во поголема мерка е ставена под контрола.