Emre Aytekin
01 Септември 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
АНКАРА (АА) – Во латиноамериканската држава Мексико од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа починаа 256 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во изминатото деноноќие регистрирани се нови 3.719 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка се зголеми на 599.560.
Заедно со починатите 256 лица во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 64.414.
Досега во Мексико оздравеа 416.738 лица заразени со Ковид-19.
Првиот случај со Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, додека првиот смртен случај на 19 март.
Според интернет страницата „Worldometer“ каде се прикажуваат податоци за Ковид-19, Мексико е 4-та земја во светот со најголем број на смртни случаи.