Ali Cura
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија досега се дијагностицирани 537.210 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, а бројката на починати се искачи на 7.091, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и превенција на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 8.246 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 537.210.
Во земјата во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 143 лица, а вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 7.091.
Бројот на оздравени лица од Ковид-19 се искачи на 284.539, со зголемување од 4.489 лица во текот на последното деноноќие.
Во Русија, денешниот број на регистрирани случаи е најнизок од 1 мај.
Центарот, исто така, информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 1,6 проценти, при што кај 34,3 отсто од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва, која е центар на епидемијата во Русија, детектирани се 1.359 лица позитивни на тестот за коронавирус, со што вкупниот број на заразени во главниот град се зголеми на 207.264.
Во главниот град во последните 24 часа од коронавирусот починаа 53 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 3.334.
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата е зголемен на над 15.100.000, со раст од 280.000 во последните 24 часа.
Во соопштението исто така се наведува дека 316.000 лица се наоѓаат под надзор.
Првиот случај на Ковид-19 во земјата е откриен на 31 јануари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.