Büşra Selvi Öğütcen
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Мексико порасна на 17.141, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди мексиканското Министерство за здравство.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 починале 269 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се искачи на 17.141.
Исто така, се додава дека се откриени уште 4.147 нови случаи на заразени, со што вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Мексико порасна на 146.837.