Büşra Selvi Öğütcen
15 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 8 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 8.007.717 лица.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 2.162.228 лица се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 867.882 откриени случаи, Русија со 537.210 откриени случаи, Индија со 332.783 случаи, Велика Британија со 295.889, Шпанија со 291.008, Италија со 236.989, Перу со 229.736, Германија со 187.671 откриен случај и Иран со 187.427 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 178.239 лица.
Земји каде што бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 50.000 се следни:
Чиле (174.293), Франција (157.220), Мексико (146.837), Пакистан (144.478), Саудиска Арабија (127.541), Канада (98.787), Бангладеш (87.520), Кина (83.181), Катар (79.602), Јужноафриканска Република (70.038), Белгија (60.029), Белорусија (53.973), Шведска (51. 614) и Колумбија (50.939).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 435.849 лица, излекувани се 4.134.704 лица, додека 3.437.164 лица се во процес на лекување.