Dildar Baykan
29 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), 45 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави (САД) останаа без работа, додека милијардерите заработија 584 милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Жителите на САД, кои се најпогодена земја од Ковид-19, се соочуваат со економски проблеми поради пандемијата, додека богатите луѓе уште повеќе се збогатија.
САД од Големата депресија досега минуваат низ најтешкиот период од економски аспект.
Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата досега 45 милиони лица се пријавиле како невработени.
Од друга страна, според податоците објавени од страна на Институтот за политички истражувања со седиште во Вашингтон, подготвени врз основа на податоците на „Форбс“, во периодот од 18 март до 17 јуни, 617 американски милијардери заработиле вкупно 584 милијарди долари.