Muhammed Boztepe
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека странскиот терорист кој остана во тампон зоната по одбивањето на Грција да го прифати ќе биде испратен во САД, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Американскиот странски терористички борец беше депортиран во Грција, како трета земја, на 11 ноември, на свое барање“, се потсетува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението се истакнува дека странскиот терорист останал во тампон зоната откако Грција одбил да го прифати и се додава: „Откако САД прифати странскиот терорист да го земе назад во земјата и да подготви документи за неговото патување, ја започнавме процедурата за неговото испраќање во САД.“