Nuri Aydın
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани над 3 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, покажаа денешните податоци од веб-сајтот за следење на вакцинацијата „Our World in Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина е на прво место во светот со 1,21 милион дадени дози, а потоа следува Индија со 329,3 милиони.
Соединетите Американски Држави (САД) имаат администрирано 324,41 милион дози, Бразил 96,91 милион, Велика Британија 77,4 милиони, Германија 72,81 милион, Франција 52,47 милиони и Италија 50,45 милиони дози на вакцините против Ковид-19.
Турција е на 9. место со употребени над 48,74 милиони дози, по која следуваат Мексико, Јапонија и Индонезија.
Земја со најмногу употребени дози според бројот на населението се Обединетите Арапски Емирати со 152,79 дози на 100 жители.
По Обединетите Арапски Емирати, земји со најмногу дози администрирани на 100 лица се Малта со 147,89 дози, Сејшели 140,31, Сан Марино 130,92, Бахреин 123,99, Израел 123,96, Чиле 117,67, Велика Британија 113,48, Монголија 113,47, Исланд 113,32, Уругвај 110,18, Катар 106,74, и Унгарија со 101,86 дози.
Бројот на дози администрирани во 13 земји, вклучувајќи ги ОАЕ, го надмина нивното население.
Повеќето вакцини против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на дадени дози не е ист со бројот на целосно вакцинираните лица.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата зела над 3,93 милиони животи во 192 земји и региони во светот, а регистрирани се 181,48 милиони случаи на Ковид-19.
САД, Индија и Бразил и понатаму се најтешко погодените земји во светот во однос на бројот на заразени и смртни случаи.