Sümeyye Dilara Dinçer
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата во светот од Ковид-19 оздравеа над 105 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка состојба од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на оздравени лица од Ковид-19 се зголеми на 105.004.270.
Најголем број на оздравени е забележан во трите земји во кои истовремено има и најголем број случаи на коронавирусот.
Во Соединетите Американски Држави (САД) регистрирани се 23.754.391 оздравен на кои претходно им е дијагностициран Ковид-19. Следат Индија со оздравени 11.525.039 и Бразил со 11.239.099 оздравени лица.
Коронавирусот досега во светот е потврден кај 130.327.043 лица, а од последици на вирусот починаа вкупно 2.842.773 лица. Во моментот во светот има 22.480.000 активно заразени лица.
Коронавирусот се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, а на 11 март 2020 година Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на Ковид-19.