Zehra Ulucak
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА
Во светот се опоравија повеќе од 543.000 луѓе на кои им е дијагностициран новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет страницата „Worldometer”, покажуваат дека во светот од Ковид-19 се опоравија 543.280 лица.
Највеќе се опоравија во Кина (77.892), а по неа следуваат Германија (77.000), Шпанија (74.797), САД (57.189), Иран (52.229), Италија (40.164) и Франција (30.955).
Со Ковид-19 ширум светот се заразени 2.145.512 лица, а од последиците на заразувањето починаа 143.308 лица.