Muhammet Nazım Taşcı
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
СИНГАПУР (АА) - Во Сингапур, Владата стави во карантин скоро 20.000 странски работници поради тоа што имало многу случаи со новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението од Министерството за здравство, две области со домови во главниот град Сингапур, каде што живеат странските работници, се ставени во карантин поради појавата на Ковид-19 кај 90 работници.
Од друга страна, во изјавата на Министерството се наведува дека платите на работниците што се наоѓаат во карантин ќе продолжат да се исплаќаат.
Бројот на случаи на Ковид-19 во Сингапур се зголеми на 1.309, а 6 лица починаа поради епидемијата.
Во земјата минатата недела беше прогласен делумен полициски час поради појавата на Ковид-19.
- Во Индија почина лице што се обидело да избега од карантин -
Според вестите во индиските медиуми, едно лице, кое било ставено во карантин во болница во провинцијата Харајана, во Индија, починало додека се обидувало да избега од болничката соба од 6-ти кат со врзување на чаршафите.
Лекарите изјавија дека 55-годишниот маж имал разни заболувања и бил ставен во карантин на 1 април под сомнение за Ковид-19.
Бројот на заболени од Ковид-19 во Индија се зголеми на 4.314, а поради епидемијата починаа 118 лица.