Ali Cura
06 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руски Кремљ, Дмитриј Песков, упати честитки по повод 100-годишнината на Агенција Анадолија (АА).
Песков во пораката истакна дека АА во целиот свет е позната како официјалниот глас на Турција, која е пријател на Русија.
„Во минатиот век поминавте долг пат во технолошкиот развој, а сега не правите компромис со највисоките светски стандарди за информација“, нагласи Песков.
Осврнувајќи се на вредноста што ја даваат на АА, портпаролот Песков истакна: „Особено ги цениме вашите објективни вести за партнерските односи меѓу Русија и Турција, кои ја интересираат Руската Федерација. Ви посакувам да останете меѓу лидерите на пазарот за информации во светот.“