Bahattin Gönültaş
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
АНКАРА (AA) – Сингапур се најде на врвот од скалата на светската дигитална конкурентност што ја објави Меѓународниот институт за развој на менаџментот (IMD) со седиште во швајцарскиот град Лозана, додека Венецуела е последна, односно на 63. место, јавува Anadolu Agency (AA).

Годишникот на светската конкуретност мери колку добро земјите управуваат со сите свои ресурси за да го олеснат долгорочно создавање вредности.
За првпат оваа година, ИМД објавува одделно рангирање на дигиталната конкурентност на земјите.
Новото рангирање на дигиталната конкурентност воведува неколку дополнителни критериуми што ја мерат способноста на земјите да ги усвојат дигиталните технологии, за да ја поттикне нивната примена во јавните услуги, бизнис моделите и општо, во општеството.
Дигиталната конкурентност се темели на анализа на знаењето, технолошкото опкружување и подготвеноста за иднината.
Десетте најконкурентни се: Сингапут, Шведска, САД, Финска, Данска, Холандија, Хонг Конг, Швајцарија, Канада и Норвешка.
На крајот на ранг-листата се Венецуела, Кипар, Романија, Бразил, Јордан, Аргентина, Колумбија, Индонезија, Украина, Монголија и Перу.
Што се однесува до земјите од поранешна Југославија, Словенија е на 34. а Хрватска на 48. место.
„Центарот за конкурентност на ИМД ја мери конкурентноста на земјите од 1989 година, а методолијата не е значително сменета уште од 1997 година, што овозможува да се следи конкурентноста на земјите низ подолг временски период“, наведува Националниот совет за конкурентност (National Competitiveness Council).