Mustafa Melih Ahıshalı
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа како последица на коронавирусот Ковид-19 починаа 87 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 5.118, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, во изјавата за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале уште 87 лица.
Со последните евидентирани бројки, во Иран вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.118, додека вкупниот број на заразени ја достигна бројката од 82.211, со зголемување од 1.343 во последните 24 часа.
Портпаролот Џиханпур истакна дека состојбата на 3.456 заразени кои се лекуваат во болниците е критична.
Тој исто така рече дека бројот на излекувани пациенти во земјата се зголемил на 57.023.
Во Иран, Ковид-19 за првпат беше откриен на 19 февруари во градот Ком.