Yıldız Nevin Gündoğmuş
07 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
АНКАРА
Во Турција во последните 24 часа се направени 183.003 тестирања на коронавирусот (Ковид-19), а потврдени се 12.171 нови случаи на Ковид-19, а регистрирани се 194 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа забележано е опоравување, односно укинат е карантн за 8.211 лица, вкупно 2.172.251.
Вкупната бројка на тестирања надмина 25,68 милиони. Ковид-19 досега е потврден кај 2.296.102 лица, а регистрирани се 22.264 смртни слуачи.
Тешка клиничка слика моментално имаат 3.201 лица.
Денешните податоци во врска со епидемиолошката слика ги коментираше и министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа, кој ја нагласи важноста на борбата против Ковид-19 со почитување на пропишаните мерки.