Gözde Bayar
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
АНКАРА (АА) - Според денешните официјални податоци, во Турција досега администрирани се над 15 милиони дози од вакцината против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на турското Министерство за здравство, над 8,4 милиони луѓе до денес ја примиле првата доза од вакцината, додека втората доза ја примиле над 6,6 милиони луѓе.
Во Истанбул, каде што живее скоро една петтина од населението во Турција, администрирани се над 2,33 милиони дози од вакцината, односно 1,29 милиони луѓе ја примиле првата доза, а 1,04 милиони втората доза.
По Истанбул, над 1,18 милиони дози од вакцините се дадени во главниот град Анкара.
На 14 јануари Турција започна масовна кампања за вакцинација против Ковид-19, почнувајќи од здравствените работници и високи државни функционери со цел да се поттикне довербата кај јавноста во врска со вакцините.
Турција досега набави скоро 28 милиони дози од вакцината „Синовак“ и „Фајзер-БајоНТех“.
Турција од 1 март започна постепено да ги олабавува ограничувањата воведени поради коронавирусот.
Во земјата досега се регистрирани над 3,2 милиони случаи, од кои 31.076 смртни случаи и над 2,95 милиони оздравени лица.
Пандемијата однесе речиси 2,78 милиони животи во 192 земји и региони од декември 2019 година, кога вирусот за првпат се појави во Кина.
Според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, во светот досега се регистрирани над 127,25 милиони случаи на вирусот, додека над 72,19 милиони лица оздравеле.
САД, Индија и Бразил и понатаму остануваат најтешко погодените земји во однос на бројот на случаи.