Ömür Melih Üzelce
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за здравство на Турција соопшти дека во последните 24 часа откриени се 4.281 нов случај на Ковид-19, починале 115 лица, вкупниот број на случаи е зголемен на 69.392, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 1.518, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, во објавата на Твитер истакна: „Во последните 24 часа спроведени се 34.090 теста за Ковид-19. Во тие рамки денес откриени се нови 4.281 случај на Ковид-19.“
„Во последните 24 часа починаа 115 пациенти, а излекувани се 875 пациенти“, соопшти министерот Коџа.
Вкупниот број на тестирања за Ковид-19 во земјата изнесува 477.716, додека вкупниот број детектирани случаи 69.392. Вкупниот број на смртни случаи достигна 1.518, вкупниот број на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега 1.820. Бројот на интубирани пациенти 1.052, а вкупниот број излекувани пациенти е зголемен на 5.674.
Министерот за здравство во објавата на Твитер исто така напиша:
„Стапката на пораст на бројот на случаи, стапката на пораст на бројот на пациенти кои имаат потреба од интензивна нега и респираторна поддршка е константна. Вкупно 5.674 пациенти, од кои 875 во последните 24 часа, се излекувани. Имаме две сили, тоа се претпазливост и третман. Да ја искористиме нашата сила.“