Davut Demircan
21 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
АНКАРА (AA) - Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа потврди дека во Турција девет лица починаа од последиците на заразувањето од коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Коџа на Твитер објави дека смртно страдаа повозразни и ранливи пациенти. Додаде дека 311 од 3.656 спроведени тестирања на сомнители случаеви во последите 24 часа беа позитивни, со што вкупната бројка на заболени од коронавирусот порасна на 670, во однос на 359 претходниот ден.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија. Од Ковид-19 во светот починаа повеќе од 10.000 луѓе, а потврдени се над 250 илјади случаи на заразување со коронавирусот во 170 земји, велат податоците на СЗО.
Исто така, СЗО Европа на прогласи за нов епицентар на пандемија на коронавирусот, кој прв пат се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.