Yunus Kaymaz
07 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
ПАРИЗ
Натпреварот од 28. коло на француската Лига 1 меѓу Стразбур и Париз Сен Жермен (ПСЖ) е одложен поради новиот тип на коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лидерите на Лига 1 од страв од проширување на Ковид-19 одлучија да го одложат натпреварот.
Уште не е познато кога ќе се одигра откажаниот натпревар, а од Лига 1 информираа дека новиот датум ќе биде дополнително соопштен.
Средбата Стразбур-ПСЖ требаше да се игра денеска во 17:30 часот.