Bahattin Gönültaş
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
БЕРЛИН
Во Германија бројот на луѓе кои починале од дрога за време на епидемијата на коронавирусот (Ковид-19) се зголеми за 13 проценти во споредба со минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Офицерот за борба против дрогата во германската Влада, Даниела Лудвиг, одржа прес-конференција во Берлин во врска со ова прашање.
Лудвинг истакна дека бројот на луѓе кои починале од користење дрога низ Германија се зголемил за 13 проценти во 2020 година и изнесува 1.581 лице.
Таа додаде дека 572 од овие смртни случаи биле предизвикани од користење опиоиди.
Наведувајќи дека минатата година 432 лица починале поради долгорочното користење дрога, Лудвиг рече дека поради епидемијата на Ковид-19 погодена е помошта за луѓето зависници од дрога.
„Поради епидемијата ситуацијата на зависниците стана подраматична од кога и да е“, нагласи Лудвиг.
Тој истакна дека за време на епидемијата зависниците не можеле да добиваат лична помош и истакна дека можеби тоа е причината за зголемената смртност кај наркозависниците минатата година во споредба со претходните години.
Лудвиг од германската Федерална влада побара да продолжи да обезбедува средства за локалните самоуправи за зголемување на можностите за помош на наркозависниците во земјата.