свет, Коронавирус

Европската комисија ја одобри најновата верзија на вакцината против Ковид-19

„Ковид-19 ќе циркулира паралелно со сезонскиот грип во текот на претстојните есенски и зимски месеци“, предупреди еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес

Agnes Szücs  | 01.09.2023 - Обновена : 01.09.2023
Европската комисија ја одобри најновата верзија на вакцината против Ковид-19

БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија денес даде зелено светло за најновата верзија на вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БајоНТех, навреме за кампањите за имунизација во есенската и зимската сезона, јавува Анадолу.

Извршното тело на ЕУ објави дека одобрило „преработена вакцина против Ковид-19 Comirnaty XBB.1.5, развиена од БајоНТех/Фајзер“ со цел да им овозможи на земјите членки на ЕУ да се подготват „навреме за нивните кампањи за вакцинација есен/зима”.

„Ковид-19 ќе циркулира паралелно со сезонскиот грип во текот на претстојните есенски и зимски месеци“, предупреди еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

Обновената вакцина „ќе ги има како цел новите и оние варијанти [на вирусот] кои се шират“, нагласи таа, повикувајќи ги сите жители на ЕУ да се вакцинираат.

Вакцината е третата адаптација на вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ која реагира на најновите варијанти на вирусот.

Според препораката на Европската агенција за лекови, возрасните и децата на возраст над пет години треба да примат една доза без оглед на нивната историја на вакцинација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.