Muhammet Kurşun
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 11.408, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа како последица на овој вирус починале 148 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати во земјата пораснал на 11.408.
Според Лари, бројот на откриени случаи со Ковид-19 во земјата, со пораст од 2.449, се зголемил на 237.878.
Како што рече, 3.136 од вкупниот број на пациенти се наоѓаат во тешка состојба, а 198.949 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Лари истакна дека досега во Иран се направени 1.769.520 тестирања за Ковид-19.