Emel Gözellik,Zuhal Demirci
04 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
АНКАРА
Со новиот тип коронавирус, што изби во кинескиот град Вухан, во светот се заразени 11.205.005 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, на која се достапни информациите за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека од последиците на Ковид-19 во светот починаа 529.380 лица, додека оздравеа 6.354.269 лица.
Во светот моментално се активни 4.321.356 случаи на заразување со коронавирусот.
САД и понатаму се епицентар на заразувањето во светот, а во таа земја се потврдени 2.890.588 случаи на Ковид-19, додека од последиците предизвикани од инфекцијата на Ковид-19 починаа 132.101 лице.
Земји, покрај САД, во кои се потврдени повеќе од 100.000 заразени се Бразил (1.543.341), Русија (674.515), Индија (649.889), Шпанија (297.625), Перу (295.599), Чиле (288.089), Велика Британија (284.276), Мексико (245.251), Италија (241.184), Иран (235.429), Пакистан (225.283), Турција (203.456), Саудиска Арабија (201.801), Германија (197.000), Јужноафриканска Република (177.124), Франција (166.960), Бангладеш (156.391), Колумбија (109.505) и Канада (105.091).
Земји со најмногу починати од инфекцијата се Бразил (63.254), Велика Британија (44.131), Италија (34.833), Франција (29.893), Мексико (29.843), Шпанија (28.385), Индија (18.669), Иран (11.260), Перу (10.226), Русија (10.027), Белгија (9.765), Германија (9.073), Канада (8.663), Холандија (6.113), Чиле (6.051), Шведска (5.420), Турција (5.186), Еквадор (4.700) и Кина (4.634).