Muhammet Kurşun
18 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 13.979, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа починаа уште 188 лица од Ковид-19.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 13.979.
Во земјата откриени се уште 2.166 случаи со овој вирус. Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 271.606.
3.529 од вкупните случаи се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата излекувани се вкупно 235.300 лица.
Во Иран досега направени се 2.123.518 тестирања за Ковид-19.