Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
НЕШВИЛ
Во сојузната американска држава Тенеси одложено е извршување на смртната казна поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Привремено го одложувам погубувањето на Харолд Вејн Николс до 31 декември поради потешкотиите и пореметувањето предизвикано од Ковид-19", изјави гувернерот на Тенеси Бил Ли.
59-годишниот Николс, кој 1990 година е осуден на смрт поради убиството и силувње од прв степен, требаше да биде погубен на 4 август со електрично столче.
Врховниот суд претходно два пати одби да го одложи погубувањето на Николс поради Ковид-19.
Адвокатката Сусан Бјелс рече дека се благодарни на одлуката на гувернерот Ли да го одложи погубувањето.
Во сојузната држава Тенеси од август 2018 година погубени се седум осуденици, меѓу кои последниот во февруари оваа година.