Ahmet Dursun
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во последните 24 часа во Иран од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 158 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 3.452, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, во изјавата дадена за државната телевизија соопшти дека во последните 24 часа починале 158 лица од Ковид-19, а бројот на идентификувани нови случаи е 2.560.
Џиханпур соопшти дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил на 3.452, а вкупниот број на случаи во земјата ја достигнал бројката од 55.743.
Портпаролот исто така рече дека од пациентите кои се лекуваат, 4.103 се во критична состојба.
Нагласувајќи дека за последните 24 часа излекувани се 1.801 пациент, Џиханпур рече дека вкупниот број на излекувани пациенти во земјата изнесува 19.736.