Şenhan Bolelli
04 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
МАДРИД (АА) - Во Шпанија, во последните 24 часа починаа 809 луѓе, што е најмал број починати во последните седум дена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шпанското Министерство за здравство соопшти дека починале уште 809 лица, со што вкупниот број смртни случаи од вирусот Ковид-19 достигна 11.744.
Во Шпанија на 28 март починаа 832, на 29 март 838, на 30 март 812, на 31 март 849, на 1 април 864, на 2 април 950 и на 3 април, 932 заразени лица.
Соопштено е дека е потврден вирусот кај уште 7.026 лица, со што вкупниот број заразени лица во моментов изнесува 124.736.
Во Шпанија од Ковид-19 хоспитализирани се 57.612 лица, додека излекувани се 34.219 лица.
Жариштето на коронавирусот во Шпанија сè уште е Мадрид, каде што починаа 4.723 заразени.
Во Мадрид вирусот е потврден кај вкупно 2.061 лице, со што вкупниот број заразени достигна 36.249.
Министерот за здравство, Салвадор Ила, изјави дека пред здравствениот систем на Шпанија се наоѓаат тешки недели.
„Мораме повеќе да се потрудиме. Нè очекуваат тешки денови, но заедно ќе победиме во оваа борба. Оваа пандемија го тестира здравствениот систем на сите земји“, рече Ила.
Тој додаде дека гарантира дека ситуацијата ќе се нормализира и дека Шпанија ќе ја види светлината на крајот од тунелот.