Mustafa Melih Ahıshalı
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот заменик - министер за здравство, Иреџ Херирчи, соопшти дека новиот вид коронавирус, Ковид-19, е повеќе присутен во области каде што живее посиромашно население, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за Иранската студентска новинска агенција ИСНА, Херирчи истакна: „Во некои градови, коронавирусот е почест во областите каде што живеат сиромашните.“
Привлекувајќи внимание на густината на населението во тие подрачја, Херирчи изјави дека социјалното растојание на луѓето во пекарите и колонијалните продавници е помало.
Тој наведе дека лицата за кои има сомнеж дека се носители на Ковид-19 немаат просторија во својот дом каде што би можеле да се изолираат.
„Вирусот се пренесува на другите членови на семејството бидејќи нема доволно простории во куќата. Нашите активности повеќе ќе ги насочиме кон тие подрачја“, рече Херирчи.
Во Иран, Ковид-19 првпат беше регистриран во градот Ком на 19 февруари, а потоа се рашири низ целата земја.
Министерството за здравство на Иран соопшти дека до денес од коронавирусот починале 988 лица, а бројот на заболени изнесува 16.169.