Ekipa
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
АНКАРА (АА) - Вакцината развиена против новиот вид на коронавирус, Ковид-19, од страна на истражувачки тим од Воената медицинска академија поминала низ контролите за безбедност, ефикасност и квалитет и започнале прелиминарните подготовки за масовно производство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на кинеската државна телевизија „CCTV“, вакцината што ја подготви истражувачкиот тим предводен од генерал-мајор Чен Веи, инженер по биологија од кинеската Академија за воена медицина е фракциона вакцина.
Фракционата вакцина е побезбедна и постабилна од вакцините кои содржат ослабена верзија на патогенот што предизвикува болест, но обезбедуваат послаба заштита од вакцините што содржат патоген.
Новиот вид коронавирус се појави во градот Вухан, Кина, се прошири во над 150 земји, а заразени се 180 илјади луѓе.
Досега 7.477 лица починаа од коронавирусот поради кој Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија.