Muhammet Kurşun
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 294 лица, односно досега вкупно 29.070, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерство за здравство, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 254 смртни случаи и 4.108 случаи на заразување.
Со тоа бројот на починати е зголемен на 29.070, а бројот на заразени на 508.389 лица.
Таа додаде 4.570 лица се во тешка состојба и дека досега од болеста се излекуваа 411.840 лица.
Лари појасни дека за присуството на вирусот се извршени вкупно 4.369.622 тестирања.
Поради влошувањето на епидемиолошката ситуација, во Техеран, Ком, Казвин и Албурз се воведени нови ограничувања.