Esat Fırat
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Властите на Израел и Бахреин најавија дека во рамките на имплементацијата на потпишаниот договор за нормализација на односите наскоро ќе воспостават поморски линии на релација меѓу двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во израелското пристаниште „Хаифа“ се очекува доаѓањето на товарниот брод што плови од бахреинското пристаниште „Калифа бин Селман“.
Генералниот директор на израелската компанија МСЦ (MSC), Едни Симкин, за израелските медиуми изјави дека бахреинските власти и компаниите се многу заинтересирани за соработката во областа на поморскиот транспорт.
Вчера во пристаништето „Хаифа“ заплови и првиот товарен брод од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Обединетите Арапски Емирати и Бахреин во средината на септември во Белата куќа потпишаа договори за нормализација на односите со Израел.
Палестинското раководство, вклучувајќи ги движењата Фатах, Хамас, Исламски џихад и Народен фронт за ослободување на Палестина, се согласи дека нормализацијата на односите со Израел претставува големо предавство.