Zehra Nur Düz
29 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Иран денес потврди уште 162 починати од новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што бројот на смртни случаи во земјата достигна 10.670, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во изминатите 24 часа позитивни на вирусот се уште 2.536 лица, зголемувајќи го вкупниот број на дијагностицирани на 225.205“, изјави портпаролката на Министерството за здравство, Сима Садат Лари.
Таа додаде дека досега излекувани се 186.180 луѓе, додека 3.037 пациенти се во критична состојба.
Досега во земјата спроведени се над 1,63 милиони тестирања за вирусот.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември, вирусот зеде повеќе од 502.000 животи во 188 земји и региони .
Во светот регистрирани се над 10,15 милиони случаи на Ковид-19, а досега се излекувани над 5,14 милиони пациенти, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.