Sayed Khodaiberdi Sadat
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
КАБУЛ (АА) - Најмалку 23 цивили загинаа во ракетен и бомбашки напад врз пазар во дистриктот Сангин, во јужната авганистанска покраина Хелманд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот на гувернерот на Хелманд е соопштено дека на пазарот „Кухне Базар“ првин паднале четири ракетни проектили, а потоа е активирана и автомобил бомба.
Според првичните информации, во нападот животот го загубиле најмалку 23 цивили, додека повредени се 15 цивили.
Од Кабинетот на гувернерот за нападот го обвинија талибанското движење, кое досега не се огласи за нападот.
Поголем дел од дистриктот Сангин е под контрола на талибанското движење, а нападот на пазарот е изведен во време на најголема фреквентност на тоа место.