Cüneyt Karadağ
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
БЕРЛИН
Периодот на самоизолација на германската канцеларка Ангела Меркел истече денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, изјави дека Меркел го испочитувала периодот на самоизолација и дека ќе продолжи да работи во својот кабинет.
Зајберт напомена дека канцеларката Меркел направила три теста за коронавирусот и дека сите резултати биле негативни.
Канцеларката Меркел беше во самоизолација поради тоа што беше во контакт со лекар позитивен на тестот на коронавирусот.
Лекарот на 19 март ја вакцинирал канцеларката, која влезе во домашен карантин од моментот кога дозна дека лекарот бил заразен.