Berk Özkan,Mehmet Kara
28 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - По новите одлуки донесени во Истанбул како дел од напорите да се спречи епидемијата на новиот вид коронавирус Ковид-19, парковите и плажите во многу области, особено во историскиот полуостров, останаа празни, а граѓаните ги спроведуваат мерките, јавува Агенција Анадолија (AA).
Со одлуката испратена до 81 општина од страна на Министерството за внатрешни работи, за време на викендите сè додека не се добие борбата против вирусот, во парковите, плажите и излетничките места на општините и окрузите забранети се пикникот, риболовот, спортските активности и пешачењето.
Очигледно е дека граѓаните ги почитуваат мерките за забрана и повиците „да останат дома“, а со траектите, трамваите и автобусите патуваат мал број граѓани.
Плоштадите „Аја Софија“ и „Султанахмет“, кои се симболи на историскиот полуостров, се домаќини на мал број туристи.
- Снимки од воздух -
Екипите на АА од воздух ги снимија плажите во Истанбул и забележаа како се применуваат мерките донесени во рамките на борбата против Ковид-19.
Плажите Ортакој, Бебек и Саријер, кои се полни за време на викендите, сега се празни, а граѓаните ги почитуваат мерките.
Полициските и безбедносните службеници ги предупредуваат граѓаните кои сакаат да прошетаат и да спортуваат на плажите и ги известуваат за новите мерки.