Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
18 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
БОГОТА
Во земјите на Латинска Америка продолжува трендот на висока смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последици предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Бразил животот го загубија 1.150 лица, 1.075 во Мексико, 184 во Аргентина, 185 во Колумбија, 252 во Перу, 15 во Чиле и 29 во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.150 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 242.090. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 56.766, со што вкупниот број позитивни на коронавирусот се зголеми на 9.978.747.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а втора според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 8.950.450 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.075 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 8.988 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 177.061 смртен случај, бројката на заболени изнесува 2.013.563, а досега оздравеа 1.571.071 лице позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 184 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 50.616. Во истиот период детектирани се 6.064 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.039.124.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.842.878 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 185 лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 57.949.
Во последните 24 часа детектирани се 5.103 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот достигна 2.207.701. Во оваа земја досега оздравеа 2.099.628 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 252 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.941 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.252.137, од кои починаа 44.308 лица, а оздравеа над 1.156.408 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 15 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 19.659.
Во истиот период регистрирани се нови 2.275 случаи на заразување со Ковид-19, така што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 784.314, а оздравеа вкупно 743.306 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 29 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 789.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 238.495, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.303. Досега оздравеа 181.338 лица позитивни на коронавирусот.