БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 966 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 567.862.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 33.933, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.319.000.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.173.917 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 603 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 22.758 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 247.414 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.068.329. Досега во оваа земја оздравеа 2.405.433 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е 4. земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 246 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 108.815. Во истиот период детектирани се 8.472 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.074.725.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.725.426 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 124 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 123.221.
Во последното деноноќие детектирани се 4.027 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.860.622. Во оваа земја досега оздравеа 4.681.231 лице заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 9. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 28 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 720 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.131.337, од кои животот го загубија 197.279 лица, а оздравеа над 2.099.547 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 19. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 44 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 36.287.
Во истиот период регистрирани се нови 833 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.627.428, а оздравеа вкупно 1.583.180 лица претходно заразени со коронавирусот.
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 33 смртни случаи, вкупно 31.870 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 619 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 493.767.
Досега во Еквадор оздравеа 443.880 лица што биле позитивни на коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 34 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.884 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 316.235, додека од почетокот на пандемијата досега во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 8.373 лица, а оздравеа 104.096 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
