Islam Doğru
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во САД последните 24 часа од последици предизвикани од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 854 лица со што вкупниот број на починати во оваа земја се искачи на 90.996, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму е земја во која се потврдени најмногу случаи на заразување и смртни случаи во светот.
Податоците на „Worldometer“, интернет страницата на која е прикажана епидемиолошката состојба во светот, се наведува дека во САД во последните 24 часа се заразени 19.803 лица и вкупниот број изнесува 1.529.144.
Во оваа земја во последните 24 часа починаа 854 лица, со што бројот на жртвите е зголемен на 90.996.
По бројот на заразените, следуваат Русија (290.678), Шпанија (277.719) и Бразил (244.052).
Њујорк е и понатаму ее епицентар на заразата во САД. Во оваа сојузна држава се потврдени 359.847 случаи на заразување, а 28.325 лица починаа.
Во Њу Џерси се заразени 148.197 лица, а во Илиноис 94.191.
Во САД се извршени повеќе од 12 милиони тестирања на Ковид-19, а бројот на оздравените надмина 346.000.