Ekipa
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ПАРИЗ (АА) - Најмалку 70 случаи на коронавирусот се пријавени меѓу учениците во градинките и основните училишта во Франција од 11 мај, кога 1,4 милиони деца се вратија во училиштата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова се случи откако повеќе од 50.000 ученици на возраст од 11 до 15 гoдини се вратија во своите училишта во понеделникот, една недела по укинувањето на мерките за изолација на земјата.
Многу градинки и основни училишта се затворија во текот на неделата откако беше откриен вирусот кај децата.
Говорејќи за радио РТЛ, францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, рече дека итното затворање на неколку училишта е одраз на фактот дека образовните установи следат одредени строги упатства и протоколи.
Тој рече дека новите случаи најверојатно се донесени од надвор од училиштето.
Учениците што се вратија на училиште - оние во петтите и шестите одделенија - се ученици кои доаѓаат од т.н зелени зони кои беа означени за побезбедни зони од ширењето на вирусот.
До денес, бројот на починати лица од Ковид-19 во Франција е 28.108, а вкупниот број на дијагностицирани случаи достигна 142.411. Досега од вирусот закрепнаа 61.223 пациенти.