Islam Doğru
01 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во САД во изминатите 24 часа се потврдени 20.136 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.839.119, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет страницата „Worldometer“, на која се достапни последните податоци во врска со епидемиолошката ситуација во светот предизвикана со коронавирус, покажуваат дека во САД во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починале 630 лица, а вкупниот број на починати достигнал 106.241.
Во САД досега се излекувани речиси 600.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Епицентарот на заразата во САД сѐ уште е Њујорк, каде се заразени 379.902 лица, а животот го загубија 29.918 лица.
Во САД од почетокот на пандемијата извршени се речиси 17,7 милиони тестови на Ковид-19.
Според бројот на лица кои биле позитивни на тестот на Ковид19, по САД следуваат Бразил (514.992), Русија (414.878) и Шпанија (286.509).