Kasım İleri
03 Јануари 2020•Ажурирај: 05 Јануари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) на Блискиот Исток распоредија дополнителни 3.500 војници, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Американската телевизија „Ен-би-си њуз“ (NBC News), повикувајќи се на американски претставници од одбраната, наведе дека американската војска од 82. Воздухопловна дивизија распоредила дополнителни 3.500 војници на Блискиот Исток.
Наскоро се очекува и официјално соопштение од Пентагон.
Сè уште не се знае каде точно ќе бидат распоредени американските војници, но се претпоставува дека тоа ќе биде Кувајт.
Американскиот државен секретар за одбрана, Марк Еспер, претходно изјави дека 750 војници од 82. Воздухопловна дивизија се распоредени во Кувајт.
Со распоредувањето на дополнителни 3.500 војници на Блискиот Исток ќе биде целата 82-ра Воздухопловна дивизија.