Hakan Çopur
17 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Според најновите податоци, во Соединетите Американски Држави (САД) се детектирани 4.661 случај на заразени од новиот тип коронавирус Ковид-19, додека од последиците предизвикани од овој вирус досега починаа 85 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците во врска со епидемијата на Ковид-19 во САД одблизу ги следи Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој објави дека на целата територија на САД продолжува да се зголемува бројката на заразени и починати од вирусот Ковид-19.
Според последното ажурирање направено синоќа, во САД од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19 досега починале 85 лица, а бројот на детектирани лица што се носители на овој вирус се искачи на 4.661.
Од споменатите смртни случаи, најголем број има во сојузната држава Вашингтон, дури 48, 10 во Њујорк и 7 во Калифорнија.
Сојузната држава Њујорк со 950 регистрирани случаи е држава со најголем број детектирани случаи на Ковид-19 во САД, по што следува Вашингтон со 909.
Од друга страна, поради експанзијата на вирусот низ САД, од вчера во голем број сојузни држави започнаа да се делат комплети за тестирање на коронавирусот и со зголемувањето на бројот на тестирани лица се зголеми и бројот на детектирани носители на новиот тип коронавирус.