Burak Bir,Firdevs Bulut
17 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, информираше дека во земјата биле откриени 29 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Коџа нагласи дека со новите случаи, вкупната бројка на откриени случаи се искачи на 47 лица.
Според него, новите случаи се лица кои дошле од странство, односно од САД, Средниот Исток, Европа и тројца кои се вратиле од умра, односно посета на светите места во Саудиска Арабија.
„Прекуморските контакти продолжуваат да бидат ризик“, рече Коџа, укажувајќи на важноста на строгото спроведување на мерките.