Servet Günerigök
26 Ноември 2022•Ажурирај: 28 Ноември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) распоредија осум беспилотни летала „Ем-кју-9 Рипер“ во Грција на период од една година, објави Пентагон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дроновите се распоредени во воздухопловната база Лариса, дознава АА.
Тоа е потврдено по информациите објавени во грчките медиуми дека дроновите и нивниот персонал за поддршка се стационирани во базата од 12 ноември.
Распоредувањето е направено во рамките на договорот потпишан на 1 ноември меѓу Европската команда на САД (EUCOM) и грчката војска во согласност со Договорот за меѓусебна соработка во областа на одбраната меѓу САД и Грција.
Грчката војска соопшти дека распоредувањето е дел од напорите за подобрување на соработката со сојузничките сили и дека „ќе придонесе за интероперабилноста и одвраќањето на НАТО“.